Утрински Весник
Македонија

Нухиу: Спроведувањето на двојазичноста на униформите во рамките на законските рокови

Нухиу: Спроведувањето на двојазичноста на униформите во рамките на законските рокови

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска ги отфрли наводите дека не e заинтересиран за спроведување на двојазничноста на полициските униформи.

Тој посочи дека во МВР има над 12 илјади вработени и секој има индивидуален став, но треба да се земе предвид, како што рече, ставот на МВР како институција.

– Јас и мојот тим неколку пати сме имале контакти со работната група за униформите и за законските рокови. Сакам да кажам дека во рамки на законските рокови се спроведува имплементацијата на јазикот и на униформите, исто како што тоа го направивме на таблите, печатите, изјави Нухиу на прес-конференција во партиското деиште на ДУИ во Скопје.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска со јавен повик до Меланија: Контактирај ме веднаш, ќе помогнеме со сместување и нема да ве оставиме сами

Да не ги прескокнуваме приоритетите

Автомобил се запалил во движење во Чаир