Утрински Весник
Македонија

Општина Ресен утврди програма за заштита и спасување од природни непогоди

Општина Ресен утврди програма за заштита и спасување од природни непогоди

Ресен, 21 февруари 2020 (МИА) – Општина Ресен ја утврди програмата за реализација на активности од областа на заштитата и спасување од природни непогоди, според која во заштитата и спасувањето од природни непогоди и други несреќи, приоритет имаат животот и здравјето на луѓето, a jавните претпријатија, установите, служби и трговските друштва се должни, навремено да ги организираат и преземааат превентивните и оперативните мерки за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.

Реализацијата на програматa од областа на заштита и спасување во наредниов период за општината е со обврзувачки карактер, и се реализаира преку формираните Општински штаб за заштита и спасување, просторните сили за заштита и спасување на Општина Ресен и јавните претпријатија, установи и служби во општината.

– Програмата овозможува во случај на природни непогоди и други несреќи, како да постапуваат јавните претпријатија, установи и служби за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот при собраќајни, техничко-технолошки несреќи, расчистување на локални патишта, улици и други инфраструктурни објекти во случај на непроодност поради врнежи од снег, на носи од снег, голомразица, на носи од земја предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето и друго, информираат од  локалната самоуправа.

Во програмата за заштита и спасување од природни непогоди посебен сегмент е посветен и на заштитата на животните и растенијата во случај на појава на болести, штетници и други природни непогоди. мт/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години

Приведен двапати во еден ден, прво на Галичка свадба, па на улица во Гостивар

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни