Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Подготвен теренот за изградба на нова детска градинка во Кочани

Подготвен теренот за изградба на нова детска градинка во Кочани
300x250 opst2

Кочани, 21 февруари 2020 (МИА) – Општина Кочани ја заврши обврската за подготовка на теренот на кој ќе се гради нова детска градинка, по што изведувачот Заедничко вложување „ВИА инженеринг“ од Вевчани, „Дрво пром“ од Мородвис и „Промонтинг“ од Скопје е воведен во градежните работи.

Претставници од Министерството за труд и социјална политика, од Општина Кочани и од главниот надзор „Геинг“ од Скопје извршија увид на градежната парцела во населбата Драчевик и ги утврдија законските обврски на сите вклучени страни во градењето на новиот објект.

-Во зависност од временските прилики во овој период, очекуваме градежните работи да почнат наскоро. Конечно, по две години административна работа и по неколку децении од изградбата на последната, почнува да се гради нова детска градинка во Кочани. Таа ќе биде современ, компактен, објект од отворен тип, проектиран според најсовремени стандарди, со можност за поширока комуникација меѓу децата и за поттикнување на нивната креативност. Покрај тоа, градинката ќе има најсовремена фотокаталитичка фасада што ќе дава ефект на 40 дрвца и ќе го прочистува воздухот во околината од смог и загадување, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Според стручните служби од Министерството за труд и социјална политика, градинката во Кочани ќе се гради според високи критериуми за заштита на животната средина, за што е вклучен и надворешен соработник од консултантска компанија кој во текот на работата ќе го следи почитувањето на правилата за зачувување на животната средина од страна на изведувачот.

Новата градинка во населбата Драчевик е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го реализира Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка, со цел да се зголемат капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст.

Според договорот, рокот за изградба на детската градинка е 16 месеци. та/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање