Утрински Весник
Македонија

Импров-групата „Настап“ гостуваше во Македонска Каменица

Импров-групата „Настап“ гостуваше во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 21 февруари 2020 (МИА) – Импров-групата „Настап“ синоќа во Македонска Каменица првпат реализираше перформанс – шоу базирано на театарска импровизација. Мартин Манев и Сергеј Димов, членови во групата, се задоволни од приемот на публиката.

– Импров-настапот се состои од игри кои се користат за време на театарска претстава и кои се адпаптирани за да може да склопиме едно доста комплексно шоу, без сценарио, со многу забава и во прекрасна атмосфера. За вакви настани треба посебен простор за да може публиката да учествува во интеракцијата, Всушност, тие ги креираат сцените, а ние ги играме. За среќа, вечерва имавме многу добра публика и атмосфера во киносалата во Македонска Каменица, со што настапот беше успешен, истакнаа членовите на „Настап“.
Импров-групата „Настап“ во март одбележува три години постоење. Во Скопје играат во МКЦ, а претходно настапиле и во бифето на Факултетот на драмски уметности.
Претставата беше само дел од богатата културна понуда која во изминатиот период ја организира Културно-информативниот центар „Романса“. Директорот Горан Огнановски за наредниот период најави нови активности за сите генерации публика.
-Очекуваме претстава за деца, ликовна изложба и два филма за кинопроекција, синхронизирани на македонски и наменети за најмалите. Воедно подготвуваме активности и за 8 Март – Меѓународниот ден на жената, рече Огнановски. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори

Претседателката Сиљановска Давкова имаше средба со Павловски, директор на Рамбл

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101