Утрински Весник
Спорт

На дуелот со Русија, Ефремовски на местото на Димитријевиќ

На дуелот со Русија, Ефремовски на местото на Димитријевиќ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Иако беше најавено дека поради краткиот рок за промена на авионскиот билет, македонската репрезентација најверојатно со 11 играчи ќе оди во Перм, во последен момент се отвори можност за замена, која стручниот штаб на напито национален тим ја искористи.

– Со интервенција на канцеларијата на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, на местото на повредениот Ненад Димитријевиќ, заедно со останатите репрезентативци, отпатува кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски кој беше на списокот од 15 кошаркари, но заедно со Марко Миловановиќ и Филип Бакоч, отпадна на ден пред дуелот со Естонија.

Тоа ќе биде нова можност 21. годишниот шутер да дебитира за сениорската репрезентација откако претходно ги помина речиси сите младински селекции на Македонија, соопштија од КФСМ.

Натпреварот против Русија е закажан за 23 февруари во 16 часот по средноевропско време. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk