Утрински Весник
Економија

Саудискиот извоз на нафта минатата година опаднал за 10, 75 отсто

Голем раст на цените на нафтата по убиството на иранскиот генерал

Ријад, 20 февруари 2020 (МИА) – Извозот на нафта од Саудиска Арабија лани опаднал за 10,75 отсто, покажуваат податоците на организацијата ЈОДИ, пренесе саудискиот портал Мубашер.

Вкупниот извоз на нафта од Саудиска Арабија, вклучувајќи ја суровата нафта и нафтените деривати, во 2019 година изнесувал во просек 8,339 милиони барели дневно, во однос на просекот од 9,344 милиони барели пред една година, наведува саудускиот портал, повикувајќи се на ЈОДИ, а пренесува Раша тудеј.

Според базата на податоци на ЈОДИ, која собира нумерички показатели од статистичките извештаи на 114 земји , во текот на цела 2019 година саудискиот извоз не надминал 7,4 милиони барели дневно, а во септември дури опаднал на 22-месечниот минимум или 6,67 милиони барели, заради нападот врз нафтените полиња и инфраструктурата на кралството.

На падот на побарувачката за нафта во Азија, поради епидемијата на коронавирусот, Саудиска Арабија реагираше со намалување на своите официјални продажни цени (ОСП) за март за тој регион.

Организацијата за замји извознички на нафта (ОПЕК), под водство на Саудиска Арабија, се залага за дополнително намалување на производството во вториот квартал од годината како одговор на намалената побарувачка,  но нејзиниот клучен партнер во спогодбата за ограничување на производството, Русија, се уште нема излезено со официјален став за тоа дали ќе поддржи подлабоки резови, додава Раша тудеј. сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија