Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствувале и јавни обвинители од ЈОРСМ, како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска, информираат од прес службата на ЈОРСМ.
На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, била истакната досегашната соработка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија со оваа европска институција, особено статистичките показатели и можностите отворени со назначување на јавниот обвинител за врска.
Јавниот обвинител Јовески ја презентирал структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Притоа, Јовески и Хамран заеднички ја нагласиле важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на сериозниот и прекуграничниот криминалитет. оџ/аа/