Утрински Весник
Спорт

Португалецот Карико потпиша за Вухан

Севилја, 20 февруари 2020 (МИА) – Португалскиот фудбалер Даниел Карико (31) реши да прекине соработка со Севилја и да потпише за Вухан. Трансферот претставува изненадување ако се има предвид дека градот се наоѓа во кинеската провинција Хубеи која е епицентар на корона-вирусот.

Карико, сепак, нема веднаш да отпатува во Кина, туку на рапорт во новиот клуб ќе се јави штом се создадат услови оти и фудбалското првенство на Кина е ставено во мирување на неодреден временски период.

Карико потекнува од фудбалската школа на Спортинг Лисабон за потоа да биде позајмуван во АЕЛ Лимасол и Оланенсе, а пред Севилја го носеше и дресот на Рединг во Англија. Член на Севилја беше од 2014 година. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига