Утрински Весник
Македонија

Жбогар очекува фер избори, а изборната кампања да се фокусира на реалните прашања

Жбогар очекува фер избори, а изборната кампања да се фокусира на реалните прашања

Штип, 20 февруари 2020 (МИА) – Европската комисија неодамна уште еднаш ја повтори нејзината препорака и нејзиното убедување дека е време да се отворат преговори со вашата земја, односно со Република Северна Македонија, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната негова прва посета на Пробиштип.

Тој забележа дека минатиот октомври земјите членки на ЕУ побараа нова методологија, односно нов процес на отварање на преговори со земјите кои бараат да влезат во ЕУ.

-Во тој конктекст Европската комисија изготви документ, којшто сега е во процес на дискусија меѓу земјите членки на ЕУ. Ние се надеваме дека и тој услов или предуслов или таа патна препрека наскоро ќе може да биде тргната се со цел за да можеме понатаму да земјите членки отвараат или да дадат датум за преговори, рече Жбогар.

Прашан што Република Северна Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  Жбогар истакна дека има уште работи коишто земјата треба да ги испоарача.

-Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процес на проширување и во овој момент не може да влезете во ЕУ. Прво би требало вашата економија, вашето општество, животна средина и државни институции сите да се подготват за да влез во ЕУ и токму поради тоа постои процес на преговори со цел да се подготвите. Со еден збор вашата земја треба да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

Прашан како гледа на изборниот процес, којшто претстои во Република Северна Македонија, Жбогар со одговор дека очекува да се спроведат фер и демократски избори, како и до сега.

-Собранието на Република Северна Македонија само што се распушти и какошто вие рековте веќе влегуваме во изборен период. Тоа што сите го видовме во текот на минатите избори, било тие да се за претседателски или парламентарни избори, на некој начин ги крена очекувањата многу високо. Затоа што сите тие беа спроведени на перфектен, соврешен начин, ние како Европската унија не очекуваме ништо помалку, па ниту подолу од тие очекувања, односно од начинот какошто беа спроведени минатите избори. Ние се надеваме дека овие избори ќе бидат слободни, и дека ќе бидат фер, вели Жбогар.

Тој рече дека очекува изборната кампања да се фокусира на реалните прашања, за коишто денеска и разговарал со младите во Пробиштип, а поврзани со образованието, здравството, миграцијата, а политичките прашања помалку да доминираат.

-Така да ние како ЕУ се надеваме дека острата реторика меѓу политичките партии ќе се намали и оти политичарите ќе можат конечно да се фокусираат на прашања или на реални резултати да можат да ги испорачаат за своите граѓани, вели Жбогар. вдј/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер