Утрински Весник
Економија

Во земјава нема кинески пратки храна

Во земјава нема кинески пратки храна

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Алармот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е вклучен по појавата на корона вирусот, но директорот Зоран Атанасов вели дека простор за паника нема со оглед дека Кина веднаш воведе забрана за каков било излез од зафатените подрачја.

– Алармот е вклучен и кај нас, но нема увоз на пратки од Кина. Вирусот е опасен за луѓето, не и за животните, истакна Атанасов.

Според него, АХВ поседува специфична опрема за заштита од болести која, ако биде потребно, ќе му се стави на располагање на Министерството за здравство. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Народната банка, заедно со надлежните институции во соработка со ЕИБ, започнува изработка на Зелената национална таксономија

Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст