Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предлага популистички мерки за повторно да манипулира со пензионерите како што правеше 11 години 

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 20 февруари 2020 

ВМРО ДПМНЕ не се грижи дека на 420 000 граѓани ќе им се загрозат средствата со помпезно најавената популистичка реформа со којашто ВМРО-ДПМНЕ планира помалку пари во пензискиот придонес којшто го плаќаат граѓаните во приватните фондови, за повеќе да остануваат во државниот ПИОМ.

Оваа мерка е на директна штета на овие граѓани. Политиките на ВМРО ДПМНЕ се лицемерни и тие немаат право да зборуваат за реформи со пензискиот систем којшто го уништија, а пензискиот фонд го оставија во долгови.

СДСМ со последната пензиска реформа ја исправи неправдата којашто претходната власт им ја нанесе на 12.000 лица. На овие осигуреници им е скратено правото на повисока пензија, бидејќи нивните придонеси се уплаќале само во првиот столб во периодот од 2006 до 2018 година.

Со 19 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија,  ги обесштетивме овие граѓани на кои поради негрижата на ВМРО ДПМНЕ, директно им беше скратено правото да остварат повисока пензија.

Со 19 милиони евра на секој од овие 12.000 осигуреници во приватните пензиски друштва им е уплатен паричен износ за целиот изминат период за којшто не се уплаќале придонесите во приватните друштва.

ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите и ад хок, надвор од законската рамка незначително им ги зголемуваше пензиите.

СДСМ ги зголемува пензиите плански и според закон. Такво е и последното зголемување со коешто просечната пензија во 2020 година расте на 15.500 денари

За две и пол години, односно за нецел мандат со водење на одговорно економски политики успеавме да направиме пресврт во економијата и да го подобриме животниот стандард.

Над 324.000 пензионери тоа веќе го чувствуваат со повисоки пензии за 722 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации