Утрински Весник
Спорт

Алушовски пред Порто: Ќе играме без притисок, мотивирани и ќе бараме шанса за бодови

Алушовски пред Порто: Ќе играме без притисок, мотивирани и ќе бараме шанса за бодови

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Ракометарите на Вардар в сабота му гостуваат на Порто во претпоследниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Стевче Алушовски посакува бодови за зацврстување на 5.место, па и шанса за место погоре ако се поклопат коцките од другите натпревари.

– Порто е фаворит, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот, изјави Алушовски за веб-страницата на „црвено-црните“.

На првиот меч во Скопје, во септември Вардар победи со 32:27.

Вардарци отпатуваа за Португалија денеска со цел да имаат повеќе време за одмор и подготовка со оглед на неповолните авионски конекции и патувањето што треба да трае до доцна навечер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП