Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Отворен конкурс за колективна изложба на фотографии

Отворен конкурс за колективна изложба на фотографии
Img 7972

Тетово, 20 февруари 2020 (МИА) – Националната установа „Уметничка Галерија“ Тетово објави отворен конкурс за уметнички фотографии со наслов „Јас и 1000 зборови“ кој треба да резултира со колективна изложба. Конкурсот е отворен од денес 20 феварури па до 2 март 2020 година. Темата на фотографиите е слободна, а може да се пријави секој граѓанин.

-Ова е втор пат да се организира колективна изложба на уметничка фотографија за сите со страст кон фотографирањето. Идејата е да има таква изложба на која ќе присуствуваат сите граѓани кои направиле уметнички фотографии и кои помислиле дека некогаш нивните фотографии ќе имаат шанса да бидат изложени пред јавноста, а воедно тоа да биде поттик да се вклучат во културниот живот без оглед на нивното занимање, истакнуваат од Галеријата.

Може да се испратат фотографии по што професионална комисија ќе одбере само една. Испратените фотографии е потребно досега да не биле јавно претставени. Треба да бидат со резолуција од 300 ДПИ и да се испратат по е-пошта (konkurs@galeriaearteve.com). ас/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес