Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Интензивно се уредува излетничкото место Студена вода во кумановско Доброшане

Интензивно се уредува излетничкото место Студена вода во кумановско Доброшане
300x250 opst2

Куманово, 20 февруари 2020 (МИА) – Интензивно се  уредува  излетничкото место, локалитет „Студена Вода“ во близина на  кумановско Доброшане, соопштија денеска од секторот за комунални дејности од општина Куманово.

За уредување на локалитетот Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот рaзвој одвои  8. 168. 000, а општина Куманово 3.160.000 денари.

Помошник раководителот на секторот, Момчило Јовановски информираше дека градежните активности на терен ги спроведува фирмата „Ибро Комерц“ од Куманово, која го доби тендерот.

Ова место кое често го посетуваат спортистите и рекреативците наскоро ќе биде  опремено со соодветна опрема што одговара за излетнички места.  Локалитетот партерно ќе биде уреден, со места за одмор,  а е предвидено да има детски катчиња, осветлување и стражарска служба. Местото кое се наоѓа на пет километри од центарот на Куманово ќе има и соодветна урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, реквизити за спорт и рекреација, хортикултурно ќе биде уреден. Воедно, ќе биде реконструирана и чешмата, како и пристапниот пат, а ќе има паркинг места за посетителите.

Секторите за урбанизам, за локален економски развој и комунална инфраструктура, предминатата година подготвија апликација до Министерството за земјоделството, односно до Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката што се однесува на зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини, односно за  уредување на излетнички места во рурални средини. ам/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години