Утрински Весник
Магазин

Швајцарската епископија бара нов истерувач на ѓаволи

Швајцарската епископија бара нов истерувач на ѓаволи

Берн, 19 февруари 2020 (/) – Епископија на Римокатоличката црква во  Швајцарија бара нов егзорцист, кој ќе ги ослободува верниците од демони и поседување.

Градот Хур се уште важи за центар на егзорцизмот во Швајцарија и општо во подрачјата на Швајцарија каде се говори германски јазик.

По смртта на епископскиот викар Кристоф Касети, еден од најпознатите егзорцисти во Швајцарија, епископијата е во потрага по нов истерувач на ѓаволи.

Според извештајот на швајцарската телевизија СФР, истерувањето на ѓаволи во Швајцарија е се почесто и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.

Поради егзорцизмот, епископијата  Хур е често мета на критики и католичкиот теолог Маркус Арнолд е загрижен за зголемениот број на егзорцизми во Швајцарија.

Епископијата во Хур истакна дека егзорцизмот е дел од задачите на еден епископ. ки/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста