Утрински Весник
Економија

Масовни дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство

Масовни дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските ператори.

Апел за превенирање на ваквите активности преку Фејсбук објави поранешната пратеничка Фросина Ременски, истакнувајќи дека е потребен одговор од надлежните институции за да нема шпекулациi.

– За да се избегнат какви било штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност“ се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор“, објави Ременски на Фејсбук.лв/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика

СДСМ: Нема плата за Велигден за културните работници