Реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски
Скопје, 19 февруари 2020
Имаше време ВМРО-ДПМНЕ од 11 години, да направи нешто позитивно за државата и граѓаните и на полето на економијата и инфраструктурата. Но, единствено што направија за време на нивното владеење е криминал на сите полиња од општественото живеење.
Времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане длабоко врежано во сеќавањето на граѓаните како криминално владеење, запаметено по грабежот од граѓаните, економскиот пустош и изградени вкупно 10 километри автопат!
Денес извршителот Мицкоски повторно нема што друго да понуди, туку ја препишува и копира програмата на СДСМ за инфраструктурата.
Нема идеја, нема програма, единствено на што е фокусиран Мицкоски е одбраната на криминалот на Груевски.
Мицкоски треба да знае дека за препишување и плагијат се паѓа од испит и не само тоа, туку и се губи правото за полагање за 4 години, ако дотогаш воопшто остане претседател на криминалната ВМРО-ДПМНЕ после поразот на 12 април.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата нереформирана, заробена партија од Никола Груевски.
Уште една потврда за тоа е и што од оваа партија нудат предлог проекти кои веќе се во реализација и влезени во програмата на Јавното претпријатие за патишта.
Времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ останува запаметено како време кога безмилосно се трошеа парите од Буџетот на барок, споменици и палми наместо на автопати, водоводи и канализации.
Секој проект криминален, со коруптивни зделки и скандали, со проценти, како што чувме од разговорите на Јанакиески и Груевски во стилот „да не се претераме“.
На започнатиот дел од автопатот Миладиновци – Штип беа затекнати бандери на сред пат, без предвидени клучки ниту приклучоци за делницата на автопатот до Охрид.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во само 2.5 години мандат, изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци – Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.
Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова.
За само 2,5 години се изградија 400 километри канализации и водоводи.
Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.
Затоа залудни им се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски да манипулираат со граѓаните. Затоа што тие ни како власт ни како опозиција покажале дека работат во интерес на граѓаните ,туку токму спротивното.
Затоа, на 12 април граѓаните ќе ги поразат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.