Утрински Весник
Македонија

Едукативни мерки на Општина Ресен за подобра еко и животна средина

Едукативни мерки на Општина Ресен за подобра еко и животна средина

Ресен, 19 февруари 2020 (МИА) – Општина Ресен утврди ативности и мерки за едукација и подигнување на јавната свест со цел подобрување на еколошката и животната средина во општината.

Во текот на годината, локалната самоуправа ќе го мотивира населението на соработка со локалната самоуправа заради заштита и унапредување на квалитетот на животот, едукација и подигнување на свеста за чиста животна средина.

-Посебен фокус е нашето залагање за примена на обновливи извори на енергија, едукација и организирање на активности за подобрување на енергетската ефикасност и ќе организираме активности за ограничено користење на пестициди и ѓубрива со цел заштита и обнова на почвата, посочуваат од Општина Ресен.

Според утврдената програма за заштита на животната средина и природата, на подрачјето на Општина Ресен во наредниот период ќе се организираат кампања од областа на животната средина, промоција на природните вредности кои даваат белег на општината и ќе се поттикнуваат институциите за проектни апликации од областа на екологијата.

-Како и досега, така и во иднина ќе нудиме поддршка на проектите кои доаѓаат од здруженијата на граѓани, а се насочени кон зголемување на јавната свест и едукација на локалното население. Јавните трибини и дебати, се составен сегмент на општинската програма, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Општина Ресен во текот на годината програмски ќе ги одбележи сите поважни денови од т.н. еко-календар, односно Ден на планетата Земја, Ден за заштита на водите, Ден на екологијата, Ден без автомобили, Ден на Мочуриштата, а ќе организира трки со велосипеди и ролери. мт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово