Утрински Весник
Македонија

МИА од Болоња: IQOS иновацијата – комбинација на висока технологија и традиција

МИА од Болоња: IQOS иновацијата – комбинација на висока технологија и традиција

Болоња, 19 февруари 2020 (МИА) – Висока технологија искомбинирана со традицијата на тутунопроизводството. Тоа е комбинацијата што ја има во новиот иновативен производ на Филип Морис Интернешнал (ФМИ) наречен IQOS (ајкос). Со инвестиција од 6 милијарди американски долари, оваа светска компанија успеа да го менува светот на „пушачите“.

МИА имаше исклучителна можност да ја посети фабриката на Филип Морис Интернешнал во Болоња, Италија, каде тутунскиот гигант изградил фабрика вредна речиси 1 милијарда американски долари, специјално направена за потребите на новиот производ. Полето на кое немало ништо за четири години прераснало во фабрика со висока технологија, каде патем производството на енергија е од фотоволтаици поставени на кровот на објектите.

Технолошки развиена, со млад кадар и со целосно механизиранo производство, фабриката претставува совршен склоп на иновации и традицијата на производство на тутун.

Оваа фабрика е прва гринфилд инвестиција која исклучиво произведува HEETS за потребите на пазарите каде се продава IQOS. Потрошувачите од САД и Јапонија се главните „клиенти„ на фабриката од Болоња.

-Нашата гринфлид фабрика е тука во Креспелано, Болоња и е водечки центар за одличен квалитет за прототип и големо производство како и обука на нашиот кадар за производи без дим. Нашата фабрика е основен дел од визијата на Филип Морис Интернешнал за свет без дим. Тука произведуваме најголем дел несогорливиот тутун за IQOS, кој е произведен од вистински тутун што го поминал процесот на контрола. Овие производи се продаваат во над 50 пазари низ светот и повеќе од 10 милиони лица целосно се префрлени на користење на овие производи. Тука во Болоња произведуваме HEETS за околу 30 од овие пазари, каде се вклучени и Соединетите Американски Држави. Ова е една од најголемите и најиноватните фабрики во Италија и е одличен пример за индустријата т.н. 4.0. Инвестицијата доведе до отворање на 1200 нови работни места, над тие 400 што работат во претходната фабрика. Како дополнување, околу 400 лица работат во PM MTB кои се дел од менаџмент на фабриката, логистиката, кетеринг и задоволување на строгите безбедносни стандарди, изјави Олексиј Ломејко, директор на производство.

Зошто новата алтернатива се смета за подобра од цигарите? Од фабриката појаснуваат дека тоа е поради тоа што придонесува за подобрување на здравјето на луѓето од секаков аспект. И за корисниците и за луѓето кои се околу оние кои користат IQOS. Истражувањата покажуваат дека IQOS е за околу 95% подобра алтернатива од цигарите. Не само што не се создава чад, IQOS го овозможува ритуалот, но притоа не ги внесувате штетните материи. При првото палање на цигара, се ослободуваат штетните супстанци кои се испуштаат во човековите организам при согорувањето на цигарата при температура околу 800 целзиусови степени. За разлика од оваа опција, како далеку подобра алтернатива, со IQOS тутунот се загрева максимум до 350 целзиусови степени произведувајќи аеросол што значително ги намалува штетните состојки. А ареосолот не дозволува да се доведе во прашање состојбата со непушачите во објектот каде се користи уредот. И патем голема е разликата помеѓу IQOS и електронската цигара. Електронската цигара користи вештачки ароми, додека IQOS користи вистински тутун што го загрева на значително помала температура при што се елимираат околу 95% од штетните супстанци присутни во димот од цигарите, велат од фабриката.

Збунувачки е дека тутунската индустрија зборува за менување на навиките, дека пред се велат – откажи се од пушење, а ако не можеш да се откажеш премини на алтернативните производи.

Според менацментот на фабриката во Болоња резултатите во пазарите каде IQOS е достапен покажеле дека луѓето кои почнале да го користат уредот не се вратиле на пушењето, односно дека останале со IQOS.

Од Филип Морис објаснуваат дека оваа мисија и визија не е само на хартија, туку дека е остварлива и дека како лидери во тутунската индустрија се стремат да покажат дека сѐ е возможно. Во свет на промени, менувањето е нужно, но тоа иако чини многу средства, промената е посакувана и возможна.

Новите корисници на IQOS покажуваат голема волја и се задоволни од „новиот“ производ, велат тие и додаваат дека  во основата на производот е тоа што е иновативен, а во наводници е ставен бидејќи станува збор за тутунски производ. -И тука лежи основата на промената, традицијата останува, но иновацијата води напред. Очигледно оваа спојка носи резултати, додаваат од Филип Морис.

Даниела Mаркоска Алексовска

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“