Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за „Титаник 3”

Судењето за „Титаник 3“ продолжува на 26 август

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Дали ќе се воспостави конференциска видеоврска меѓу сведокот Ресмије Аземи од Германија и Кривичниот суд во Скопје или не за случајот „Титаник 3” ќе се знае на денешното рочиште за овој предмет. Минатото рочиште одржано на 29 јануари се одложи токму поради отсуството на овој сведок. Во известувањето на Судот се наведе дека сведокот на 20 декември минатата година преку е-пошта го известил Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

Обвинети во овој предмет се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. оџ/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјанец предизвика хаос на улиците го нападнал италијански возач и побегнал, ОЈО бара притвор

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“