Утрински Весник
Македонија

Јавното осветлување во две општини со јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел

Јавното осветлување во две општини со јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Општините Македонска Каменица и Чешиново Облешево денеска ќе потпишат договори за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување со ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје.

Овој проект е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.

На потпишувањето на договорот ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато