Утрински Весник
Економија

За седум дена истекува јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони

Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека јавниот повик за поднесување барања за финансиска поддршка преку Програмата за капитални субвенции истекува за седум дена, заклучно со 25-ти овој месец.

Како што соопшти денеска Министерството, финансиската поддршка е наменета за Центрите за развој на Планските региони, а средствата што ги доделува се наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште.

-Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквите инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е особено важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи, информираат од МЗШВ.

Министерството потсетува дека право на учество имаат сите Центри за развој на плански региони на територија на нашата држава кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Главната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што се наведува во соопштението, е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки