Утрински Весник
Спорт

Пиоли: Златан се лути затоа што можеше да одигра подобро

Пиоли: Златан се лути затоа што можеше да одигра подобро

Милано, 18 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, има разбирање за нервозата која ја манифестираше Златан Ибрахимовиќ на натпреварот со Торино.

Милан победи со 1:0, при тоа пропуштајќи неколку шанси натпреварот да го реши многу порано пред последниот свиреж на судијата.

  • Мислам дека игравме добро, иако малку ризично. Ибрахимовиќ се лути затоа што можеше да игра подобро и исходот од натпреварот да се одлучи порано. Ние сме амбициозни и тоа е природно.  Денешната победа ќе биде безвредна ако не успееме во следниот натпревар. Има уште 14 натпревари, а веќе размислувам за мечот со Фиорентина. Треба да победиме што е можно повеќе натпревари. Имаме уште многу работа. Ајде да видиме што се случува на крајот на сезоната, изјави Пиоли.

Милан по 24.коло има 35 бода и е во група со Верона и Парма на делба на шестата позиција на табелата во Серија А. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата