Утрински Весник
Македонија

Заврши реконструкцијата на спортската сала во штипското медицинско училиште

Заврши реконструкцијата на спортската сала во штипското медицинско училиште

Штип, 17 февруари 2020 (МИА) – Завршени се градежните активности во средното медицинско училиште „Јане Сандански“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорката на средното медицинско училиште, Емилија Рамбабова денеска извршија увид.

Бочварски забележа дека се работи за целосна реконструкција на спортската сала после 35 години, со замена на под, ново лед осветлување и нови прозорци во неа.

Дополнително заменет е подот на училниците и набавени се нови смарт табли и нови компјутери.

– Задоволство ми е што повторно за еден краток период сум во средното училиште „Јане Сандански“, каде можеме да објавиме завршување на градежните активности и пуштање во употреба на средното медицинско училиште. Ова се реалните проекти што оваа локална власт ги практикува, вели Бочварски.

Рамбабова додаде дека во училиштето инвестирани се 4,8 милиони денари од кои 3,1 милион денари се за спортската сала. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори