Утрински Весник
Македонија

Подземни контејнери во Кавадарци

Подземни контејнери во Кавадарци

Кавадарци, 17 февруари 2020 (МИА) – Во Кавадарци продолжува поставувањето подземни контејнери, информираат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

– Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ деновиве започнаа со изградба на нов подземен контејнер на локациjа во строгиот центар на улицата „Илинденска“. Таму работи екипа на ангажирана фирма изведувач. Истата компанија паралелно изведува и градежни работи на контејнерот кај „Тиквешко поле“, соопштија од општинската прес служба.

Општината вакви подземни контејнери ќе постави и на локации  на улиците „Мито Хаџи-Василев“ и „Илинденска“.

– Платформите ќе бидат со различна големина, а на нив ќе се постават, два, три или четири контејнери. Овој систем на прибирање на смет нуди повеќе предности, нагласуваат од Службата за информирање при општината. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење