Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Реконструирани соблекувалните и тоалетите во ОУ„Димо Хаџи Димов“ во Влае

Реконструирани соблекувалните и тоалетите во ОУ„Димо Хаџи Димов“ во Влае
300x250 opst2

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Целосно се обновени тоалетите и две соблекувални во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае.

– Се работи за комплетна санација на машката и женската соблекувална и на санитарниот јазол која опфати поставување нови плочки, санитарија и бојадисување на просториите. Примарната цел е да се овозможат подобри услови за престој и спортување на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, соопшти Општина Карпош.

Во ова училиште функционира и сензорната соба за ученици со попреченост. Општина Карпош информира дека продолжува со реконструкции во основните училишта и во 2020 година. За оваа намена се предвидени четири милиони денари од општинскиот буџет. мд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три лица уапсени на автопатот Скопје-Тетово, „летале со „бмв“ и „ауди“

Во Гостивар приведени двајца тинејџери од Турција – имале цела кеса марихуана

Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки