Утрински Весник
Македонија

Брнз го поздрави постигнатиот успех на досегашниот парламентарен состав

Брнз го поздрави постигнатиот успех на досегашниот парламентарен состав

 Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – По распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија, би сакала да го поздравам значителниот успех постигнат во минатите три години, напиша денеска американската амбасадорка Кејт Брнз, на фејсбук-страницата на Американската амбасада во Скопје.

Овој успех ги опфаќа, според Брнз, ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.

– Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Северна Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина, истакна амбасадорката. см/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме