Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија

Општина Струмица се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија

Струмица, 17 февруари 2020 (МИА) – Општина Струмица успешно се претстави на Меѓународниот саем за туризам што се одржа од 13 до 15 овој месец во Софија, Република Бугарија, оцени градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

– Струмица и Струмичкиот карневал беа претставени пред многубројните посетители на саемот, а бугарските посетители уште еднаш потврдија дека Струмица е исклучително интересна и атрактивна дестинација за нив, додава градоначалникот Јаневски.

Информира дека во рамки на посетата на Софија, остварил средба со министерската за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова и со претставници од повеќе бугарски и грчки општини кои го посетиле штандот на Струмица. Исклучителен интерес за соработка со струмичките хотели и за посета на Струмичкиот карневал изразил и претседателот на Здружението на туристички агенции на Турција, Орхан Чеби.

-Целта на саемската промоција на Струмица беше промоција на Брендот Струмица, Струмичкиот карневал и туристичката понуда на струмичките хотели кои имаа одлична можност за воспоставување на контакти со балканските туроператори, рече Јаневски.

Инаку, учеството на Меѓународниот саем за туризам „Holiday&Spa Expo” се реализира во рамки на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020 година. рт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа

Висок раст на цените во земјоделието – зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33%

МВР: Билјана Ивановска не е предмет на полициска истрага