Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Лидерите решија да го вратат мандатот кај вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.
– Апелирам до сите учесници во овој изборен процес – политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии и најважно од се медиумите да бидат на висина на својата задача да придонесат изборниот ден да биде свечен и да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Џафери на прес-конференцијата која е во тек.ев/са/