Утрински Весник
Магазин

Високи казни за берење кокичиња на турската планина Спил

Високи казни за берење кокичиња на турската планина Спил

Лос Анџелес, 17 февруари 2020 (/) – За откинато кокиче на планината Спил, инаку национален парк во Турција, отсега ќе треба да плати над 11.000 евра, објави приватната телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Паричната казна, според новите закони, изнесува 73.747 турски лири (11.126 евра).

Кокичињата се ендемско растение на таа планина во округот Маниса, западна Турција. Тие веќе почнаа да се појавуваат од под снегот, како предвесник на пролетта. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анета Антова Пешева избрана за „Жена Лавица 2025“ од ЗЖМ „Елит“

Ултра-преработената храна поттикнува пандемија на хронични болести, велат лекари

Во петок е Св. Aрхангел Михаил – празник посветен на војводата на сите ангели