Прилеп, 17 февруари 2020 (МИА) – Прилеп изминатиот викенд беше домаќин на вторите по ранг пингпонгарски турнири за јуниори и сениори помлади од 21 година.
Во конкуренција на јуниори најуспешен беше Даниел Главевски Зхоу од ППК Мултитекс од Битола, додека кај јуниорките најдобра беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка.
Пласман Јуниори:
- Даниел Главевски Зхоу ППК Мултитекс
- Борис Секулов ППК Астраион
- Иво Мартиновски ППК Студент 2, и Леонид Гошев ППК Винспин.
Пласман Јуниорки:
- Ана Стојановска ППК Крива Паланка
- Бојана Михајловска ППК Рисови
- Васе Богоеска ППК Крушево, и Софија Хасану ППК Крушево.
Кај сениорите до 21 година победник е Дамјан Стојчев од ППК Шампион Фа, кај сениорките најуспешна беше Бојана Михајловска од ППК Рисови.
Пласман Сениори У21:
- Дамјан Стојчев ППК Шампион ФА
- Филип Костадиновски ППК Крива Паланка
- Даниел Главевски Зхоу ППК Мултитекс, и Теодор Волкановски ППК Крушево.
Пласман Сениорки У21:
- Бојана Михајловска ППК Рисови
- Ива Димитриевска ППК Рисови
- Ана Стојановска ППК Крива Паланка, и Васе Богоеска ППК Крушево. зс