Утрински Весник
Македонија

Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

Честитка од Џафери по повод Националниот празник на Србите

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери  вечерва го потпишал  решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12  април годинава.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието на Република Северна Македонија попладнево се распушти, а потоа Џафери почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април го потпишал решението.

Државната изборна комисија го очекува официјалниот документ од претседателот на Собранието Талат Џафери, по што во 20 часот и 30 минути ќе одржи седница со повеќе  точки на дневниот ред поврзани главно  со предвремените парламентарни избори на 12 април. ев/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче за Нова.рс: Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки

Зошто правосудниот испит мора да се полага само на македонски јазик? (2)

ВЛЕН: Го почитуваме протестот, но се противиме на негово инструментализирање