Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер

ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува и Законот за Советот за јавни обвинители бидејќи при неговото донесување не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.

Илија Димовски на прес-конференција во Собранието по неговото распуштање истакна дека законот требало да се донесе со апсолутно и Бадентерово мнозинство, но оти иако спикерот Талат Џафери најавил дека треба да се гласа по Бадентер, тоа не е реализирано.

– И самиот Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите, рече Димовски.

Појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста.

– Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат,  рече Димовски. бак/сст/ 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“