Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бундеслига: Убедлив триумф на Борусија М во Дизелдорф

Бундеслига: Убедлив триумф на Борусија М во Дизелдорф
Img 7972

Дизелдорф, 16 февруари 2020 (МИА) – Лесна победа на Борусија Менхенгладбах и смена на лидерската позиција на табелата. Ова се карактеристики на саботните мечеви од 22-то коло во Бундеслигата.
Борусија Менхенгладбах во последниот натпревар од саботната програма ја совлада Фортуна во Дизелдорф со 4:1. Двапати Стиндл (51’ и 77’) и по еднаш Хофман (22’) и Нојхаус (82’) ја запечатја судбината на домашните за кои почестниот гол го постигна Томи во 29-та минута.
Лајпциг триумфира над Вердер со 3:0 и барем на 24 часа го презеде врвот на табелата од Баерн кој утре попладне ќе гостува кај Келн.
Бундеслига, 22 коло: Фортуна Дизелдорф – Борусија Менхенгладбах 1:4, Унион Берлин – Баер Леверкузен 2:3, Лајпциг – Вердер 3:0, Падерборн – Херта 1:2, Хофенхајм – Волфсбург 2:3, Аугсбург – Фрајбург 1:1, Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт 4:0.
Денеска ќе играат: Келн – Баерн Минхен и Мајнц – Шалке.
Табела: Лајпциг 45, Баерн Минхен 43 (-1), Борусија Дортмунд 42, Борусија Менхенгладбах 42 (-1), Баер Леверкузен 40, Шалке 35 (-1), итн. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН