Утрински Весник
Спорт

Атлетика: Семења со порака до ИААФ дека уште ќе ја гледаат

Атлетика: Семења со порака до ИААФ дека уште ќе ја гледаат

Кејп Таун, 15 февруари 2020 (МИА) – Јужноафриканската атлетичарка Кастер Семења настапи во првата јавна трка за осум месеци, го собори националниот рекорд на 300 метри и испрати порака со Интернационалната атлетска Федерација (ИААФ) дека „сè уште ќе ја гледаат на патеките“.
„Тука сум да останам. Сè уште ќе го гледате моето лице. Тоа е сè што имам да ви кажам засега“, рече Семења во пораката до ИААФ.
До Олимписките игри во Токио остануваат уште пет месеци, но нејзиниот настап е под знак прашалник. Моментно е под забрана за учество во трките на 400 метри, нејзина омилена дисциплина, меѓутоа и во сите останати до една милја, освен ако не почне да ги почитува правилата на ИААФ за намалување на природното ниво на тестостерон. сѓд/  

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството