Утрински Весник
Македонија

Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден”на поранешниот претседател Иванов

Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден”на поранешниот претседател Иванов

Тирана, 15 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во изминатите два дена беше во посета на Република Северна Македонија, покрај другото се сретнал со поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и лично му ја врачил почесната награда „Илинден”.

-Огромна чест ми беше повторно да се сретнам со Ѓорге Иванов, поранешен претседател на Република Македонија, и лично да му ја предадам наградата. Му посакав добро здрвје и успешно продолжување на неговата мисија,изјавил Ѓурѓај за весникот „Илинден“.

Посочува дека Иванов ги поздравил сите заложби, посветеноста и ангажираност на друштвото „Илинден” во насока на унапредување на позицијата и правата на македонско национално малциство во Албанија.

-Искажав благодарност за односот и залагањето на Иванов за Македонците во Албанија за време на неговите два мандата, за што и со посебно задоволство ја врачив наградата. Изразив надеж дека таа соработка ќе продолжи со Иванов, кој има добри релации со поранешните претседатели на Албанија, и дека секоја негова заложба за македонско национално малциство во Албанија е добредојдена и високо ценета, додава Ѓурѓај.

На средбата, според електронското издание на весникот, искажан бил заеднички став за унапредување на соработката меѓу друштвото „Илинден” и Иванов, а во таа насока, била потврдена и соработката во рамки на школата за млади лидери.

Наградата „Илинден”, потсетува Ѓурај,е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото, а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.вт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје