Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Финансиска поддршка од Општина Ресен за спортските клубови во Преспа

Финансиска поддршка од Општина Ресен за спортските клубови во Преспа
300x250 opst2

Ресен, 15 февруари 2020 (МИА)Општина Ресен донесе одлука со која на спортските клубови, здруженија и спортски сојузи им додели 700.000 денари за работа во 2020 година.

Одлуката е донесена по завршувањето на јавниот повик и по завршената процедура според која надлежна општинска комисија изврши разгледување и бодување на апликациите, информираат од Општина Ресен.

Според одлуката, фудбалскиот клуб „Преспа“ како највисоко рангиран апликант, годинава од локалната самоуправа доби 200.000 денари, ракометниот клуб „Преспа 2015“ доби 190.000 денари, а финансиски средства им се доделени и на ФК „Лирија“ од селото Грнчари кои добија 125.000 денари, а ракометната школа „Преспа Вардар“ на располагање ќе има 60.000 денари.

Од програмата за спорт 40 илјади денари ќе користи Општинскиот фудбалски сојуз, 35.000 денари се за фудбалската школа Тотал фудбал, џудо клубот „Преспа“ доби 30.000 денари, а 20.000 денари се на располагање за ракометната школа „Младост јуниори“.

Општина Ресен во текот на годината ќе обезбеди и друга логистичка поддршка за спортските клубови во градот, а во меѓувреме вложува во реновирање и реконструкција на спортски објекти во општината. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села