Утрински Весник
Македонија

Повторно илјадници тони смет на едно место кај претоварната станица близу Фалише

Повторно илјадници тони смет на едно место кај претоварната станица близу Фалише

Тетово, 15 февруари 2020 (МИА) – Претоварната станица на тетовско комуналното претријатие која од август 2019 е во близина на Фалише се уште работи без системот за компресија, па илјадници тони смет веќе се собрани и оставени на земја. Претходно станицата која беше на патот накај Требош за да не се остава смет на земја се користеше систем за компресија, воедно и со цел поголема количина смет да биде однесена во депонијата Дрисла.

На новинарските прашања зошто не се поставува системот за компресија, тетовската градоначалничка Теута Арифи не даде одговор и најави како тоа во иднина би се правело во рамки на заедничкото управување на полошките општини со депонијата Русино. Предвидени се нови места за трансфер на сметот.

-Ние во рамки на швајцарскиот проект за депонијата Русино и студијата предвидува уште две трансфер станици. Една ќе биде во Тетово а другата во некоја друга општина која ќе се одлучи. Се чекаат на уште некои работи во однос на финансирањето, зошто сметаме дека имаме уште еден друг извор на финансирање, вели Арифи.

Складирањето на сметот на претоварна станица додека не биде однесен на депонија е редовна практика на комуналното претриајтие. До 2010 година тоа се праваше кај железничката станица, а потоа и на самиот влез на градот каде се создаваа депонии со илјадници тони смет. Таму беше до 2017, а две години на патот кон селото Требош, долж автопатот Тетово-Скопје. Локацијата кај Фалише е околу 3000 метри квадратни, а се наоѓа среде обработливи земјоделски површини.

Според досегашните сознанија на ЈКП Тетово во зимските месеци дневно се собира од 150 до 170 тони смет на ден. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија