Утрински Весник
Македонија

Министерот Филипче од Валандово: Како никогаш досега вложивме во платите

Министерот Филипче од Валандово: Како никогаш досега вложивме во платите

Скопје, 14 февруари 2020  (МИА) – Министерот за здравство  Венко Филипче и градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, денеска беа во посета на Здравствениот дом во Валандово, каде остварија средба со директорот Роберт Марков и вработените во установата.

-Како никогаш досега вложуваме во здравствените работници. Дадовме повеќе од 5000 согласности, ги зголемивме платите. Четириесет отсто на лекарите специјалисти, од 20 до 23 отсто на медицинските сестри, 25 отсто на општите лекари и 15 отсто на здравствените соработници, кои во јуни ќе добијат уште едно дополнително покачување на платите од пет отсто. Инвестираме во младите и ги задржуваме со работа во јавното здравство. Во установата реализирани се 11 вработувања и одобрени се три специјализации, истакна министерот Филипче.

Вработените во оваа јавно-здравствена установа се заблагодарија за грижата од страна на државата и потенцираа дека првпат институциите имаат слух за нивните потреби и барања.

Во јануари, во Здравствениот дом во Валандово, почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС).

Минатата година се пушти во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1.500.000 денари, финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија.оџ/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина