Лос Анџелес, 14 февруари 2020 (/) – Цели 88 години, колку што е членка на женското извидничко друштво во Пенсилванија, Американката Вероника – Рони Бекенстоу продава колачиња, во својата зелена униформа.
Таа проживеала мигови за коишто многумина од нас само прочитале. Со сите тие авантури и приказни, животот ѝ бил доста исполнет, но оваа речиси стогодишна бабичка сè уште не сака да ја прекине својата традиција да продава колачиња…
– Можеби е малку постара од своите другарки извиднички, но нејзината енергија е недостижна. Издржливоста и бистриот ум ѝ се неповторливи, нагласи Барбара Ален Перели, предводничка на групата.
Рони првпат се придружила во извидници кога имала само 10 години.
– Станав извидничка во 1932 година. Тогаш мајка ми ми дозволи. Едвај чекав да тргнам, раскажува Рони.
Да се биде извидник, честопати значи и да се шета по светот. Така, таа била и на Јамајка и во Швајцарија. Тоа за неа „не било само хоби, туку и начин на живот“.
Таа инаку студирала музика и знае да свири на оргули, клавир, кларинет и труба. Но сепак, не отстапува од тоа дека продавањето колачиња ѝ е подраго од сè друго. си/ми/