Утрински Весник
Македонија

Во Македонска Каменица во тек акција за зимно уредување на јавните површини

Во Македонска Каменица во тек акција за зимно уредување на јавните површини

Македонска Каменица, 14 февруари 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица во тек е акција за зимно уредување на јавните површини. Од јавното претпријатие ,,Камена Река”, чии екипи ја спроведуваат акцијата, информираат дека со истата се опфатени јавните површини во централното градско подрачје.

– Оваа активност, според претходна проценка опфаќа кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки. На овој начин се обезбедува соодветна подготовка и заштита на дрвјата пред нивното пролетно развивање, информираат од ЈП ,,Камена Река”.

Ваквите акции, како што додаваат, ќе продолжат и во останатиот дел од градот.

– Ќе бидат опфатени и старите гранки кои надвиснуваат над коловозите со цел да обезбедиме поголема прегледност во сообраќајот, додаваат од ,,Камена Река”.

Од претпријатието апелираат слични акции да преземат и граѓаните во своите дворни места се со цел поубав изглед на градот. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“