Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дескоска: Очигледна е намерата да се опструира носењето на Законот за ЈО, јас и пратениците од СДСМ нема да се јавуваме за збор

Дескоска: Мора да се најде начин да профункционира отчетноста и одговорноста во судството
Img 7972

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Очигледна е намерата на некои политички партии да го #опструираат процесот на носење на Законот за јавно #обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Во објавата таа додава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно признал дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност.

-Значи, на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е #паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, наведува Дескоска на Фејсбук.дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ