Утрински Весник
Македонија

Вирозата ги скрати часовите на гевгелиските ученици

Вирозата ги скрати часовите на гевгелиските ученици

Гевгелија,14 февруари 2020 (МИА) – Од околу 2.500 ученици во гевгелиските основни училишта и средното училиште „Јосиф Јосифовски“ поради вирусни болести вчера наставата не ја следеле 472 ученици или една петина од вкупно запишаните.

Од училишните управи потврдија дека учениците отсуствувале поради висока температура, кашлање и настинка, причини за кои докторите велат дека се карактеристични за вироза.

Најголем број ученици отсуствувале во ОУ „Крсте Миирков“ од Гевгелија каде што од 753 запишани, наставата не ја следеле196 ученици. Зголемен број отсуства бил регистриран и во останатите училишта во кои повеќе од 20 отсто од учениците поради болест не ја следеле наставата.

Со актуелната ситуација училиштата ја запознале подрачната единица на Центарот за здравје во Гевгелија од каде што велат дека се уште нема услови за прогласување епидемија и прекин на настава бидејќи се работело за вироза.

Во пресрет на викендот, заради зголемување на изолацискиот период во гевгелиските училишта, само денеска часовите ќе бидат скратени за 15 минути, а во зависност од состојбата во понеделник ќе се преземаат и соодветни мерки. им/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДРАМАТИЧНА НОЌ ВО ПАЛИГРАД: Пожарот се приближува кон селото, пожарникарите остануваат на терен

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор