Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се зголемува бројот на млади пчелари во Македонска Каменица

Се зголемува бројот на млади пчелари во Македонска Каменица
300x250 opst2

Македонска Каменица, 14 февруари 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица во последните години се поголем е интересот од страна на младите пчелари за пчеларството. Еден од нив е и 37-годишниот Илчо Велков од Македонска Каменица. Тој веќе пет години се занимава со одгледување пчели. Годинава стигна до 40 пчелни семејства кои локациски се наоѓаат во село Тодоровци и за него се вистинска пасија на која го посветува слободното време.
-Пчелите се сместени на прекрасна локација веднаш над Калиманско езеро над патот Делчево – Македонска Каменица. Имам околу 40 пчелни семејства и задоволен сум од изминатата година. Речиси се е продадено, бидејки медот е квалитетен и надалеку се бараше. Ако е добра годината количински може да се стигне и до еден тон, инаку просечно околу 700 килограми. Климата е идеална, медот е чист природен без никакви додатоци, така што побарувачката сама го покажува тоа, вели Велков.
Препорачува, секој кој знае малку за пчелите, да започне со пчеларење, бидејки бенефитот е огромен особено по здравјето.
-Не е се во парите, најважно е прво да се сака работата, да се сакаат пчелите, па потоа да се мисли за заработка. Мене ми е „ќеф” што велиме ние да ја работам оваа работа во слободно време, бидејќи на оваа ширина над Калиманското езеро најпрво уживам и тоа е се што е важно. За здравствените придобивки и да не зборуваме, додава Велков.
Поради зголемениот интерес за пчеларење во Македонска Каменица се изгради Парк на пчеларите, а редовно се вложува и во надоградување на знаењата за пчеларството со посета на обуки и предавања, кои во неколку наврати од еминентни имиња беа реализирани и во Македонска Каменица. Секоја година пчеларите организираат и Пчеларска вечер која годинава е закажана за 22 февруари. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села