Утрински Весник
Економија

Ќе се исплаќаат штетите од ланското невреме во општина Василево

Ќе се исплаќаат штетите од ланското невреме во општина Василево

Струмица, 14 февруари 2020 (МИА) – Граѓаните од населените места Добрашинци, Висока Маала и Нова Маала во општина Василево, кои претрпеа штети од невремето што го зафати овој реон на 24 јуни лани, ќе бидат обесштетени, информираат од општината.

Ваква одлука донесе Владата на Република Северна Македонија, која го прифати Извештајот на Општинската комисијата за проценка на штета од елементарни непогоди и одобри средства за исплата на штетите. Обесштетувањето ќе изнесува 15 отсто од проценетата штета.

Невремето од пороен дожд и град, што на 24 јуни минатата година ги зафати овие три села, предизвика големи штети на земјоделските култури.

Според извештајот на Општинската комисија за проценки на штети, кој во целост е прифатен од Владата биле оштетени 134 земјоделци и еден правен субјект, а вкупната штета е проценета на близу 25 милиони денари.рт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години