Утрински Весник
Македонија

Без вода дел од корисниците во Автокоманда и улицата „Орце Николов“

Делови од Визбегово и Долно Лисиче денеска без вода

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Без вода денеска ќе останат корисниците од висока зона во Автокоманда и дел од корисниците од улицата „Орце Николов“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје корисниците од висока зона на нас. Автокоманда ќе останат без вода од 8:30 до завршување, а прекинатото водоснабдување е поради промена на затварачи Ф-150мм и Ф-100мм во парк шума Гази Баба.

Поради дефект на приклучна цев Ф-3/4“ на улица „Орце Николов“ 64, дел од корисниците од истата улица ќе останат без вода од 8:30 до завршување. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите

Дивеел на едно тркало по Партизанска, немал ни возачка дозвола – заработи две кривични пријави

Дожд, магла и непристапен терен: Успешно спасени двајца странски планинари на Шар Планина