Утрински Весник
Македонија

Седницата за законот за ЈО закажана за 21 часот

Собранието ќе ја продолжи 126. седница

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија вечерва во 21 часот ќе се одржи 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА од кабинетот на собранискиот спикер, Талат Џафери.

Пратениците во текот на денот беа повикани да дојдат во законодавниот дом, бидејќи според првичните информации седницата требаше да почне во 15 часот.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Според првичните информации денеска би се отворила расправата за законите, а за нив би се гласало следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана