Утрински Весник
Македонија

Нелегален превозник нападнал инспектор на граничниот премин Делчево

Нелегален превозник нападнал инспектор на граничниот премин Делчево

Делчево, 13 февруари 2020 (МИА) – Инспектор нападнат од страна на див превозник на граничниот премин Делчево. Нападот е пријавен во делчевската полиција, од каде го потврдија случајот.

-На граничен премин Делчево од слобода е лишен Д.Г (58) од с.Ѕвегор, Делчевско. Лицето физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за сообраќај и транспорт при обид да изврши претрес на патничко возило ,,опел” со бугарски регистерски таблици, кое тој го управувал. Д.Г. бил приведен во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор, се вели во соопштението од полицијата.
Инцидентот го потврдија и од Здружението на превозници во патниот сообраќај, од каде го осудија нападот врз инспекторот.
-Апелираме до надлежните да ги преземат соодветните мерки, а дополнително бараме да се стави ред со дивите превозници во патничкиот сообраќај, велат од Здружението на превозници.
За сторителот е најавена пријава откако целосно ќе биде документиран случајот. вс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца