Утрински Весник
Македонија

Протест во Кичево против дива депонија во јамите на РЕК „Осломеј”

Протест во Кичево против дива депонија во јамите на РЕК „Осломеј”

Кичево,13 февруари 2020 (МИА) – Со пораки „Сакаме да дишеме“, жители на кичевското село Гарани- Стелци, но и околните населени места денеска попладне од 13 до 15 часот во месноста „Гара” го блокират регионалниот пат Кичево – Осломеј, во знак на протест бидеќи во близина на јамите и на самите јами од каде претходно е исцрпен јагленот за потребите на рудникот “Осломеј” се фрла отпад од ЈКП „Комуналец”.

– Протестот е против неконтролираното депонирање отпад со камиони на оваа депонија, која не е легална. Оваа депонија се наоѓа до Осломејското езеро, во близина на Туинска река. Со тоа, оваа депонија влијание по здравјето не само на ѓраѓаните од ова село туку и на целиот регион на поранешната општина Осломеј па и на самиот град Кичево. Ова е проблем на сите нас кои живееме до овие неконтролирани диви отворени депонии. Ние како организатори на протестот бараме депонијата итно да биде расчистена и надлежните да забранат секаков пристап до неа за одложување отпад, вели преседателот на одборот за протести Шаип Дервиши.

Најави дека ако не се преземе ништо, ќе го блокираат региналниот пат Кичево- Осломеј се до исполнување на нивните барања.

Од Општина Кичево велат дека наскоро ќе излезат со официјален став.рз/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ