Утрински Весник
Македонија

Пратениците повикани во 15 часот да бидат присутни во Собранието за седница за законот за ЈО

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Постои можност денеска Собранието во 15 часот да одржи седница на која ќе се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА собраниски извори, но сепак седницата се уште не е објавена на официјалниот сајт на законодавниот дом.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот,  кога треба да се одржи седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија, потврдија за МИА извори од владејачкото мнозинство.

Расправата за законот се очекува да заврши денеска, евентуално да се гласа денеска, но можеби и следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот. ац/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни